Минати настани
MATHDebate – promotion of the project achievements
На 3ти Јули 2018 во Конгресниот центар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Охрид се одржа еднодневен настан за промоција на проектните достигнувања на Erasmus+ проектот MATHDebate the Voice of Students- Searching excellence in Math Education through Increasing the Motivation for Learning.
Настанот започна во 09.30 часот.
Пријава за учество испратете на нашиот e-mail:
sojuz.na.istrazuvaci@gmail.com најкасно до 01.07.2018 година. MATHDebatePOSTER
Минати конференции
Algebra and Analysis with Application, July 1-4, 2018
Меѓународната конференција “Algebra and Analysis with Application” се одржа во Охрид, Република Македонија, во Конгресниот центар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во периодот од 1-4 Јули, 2018.
Конференцијата беше посветена на алгебра, анализа и примена на математиката во техничките и природните науки. 30 истражувачи од 7 земји ги презентираа своите трудови на оваа конференција.
Workshop on Fractional Calculus, May 10-11, 2018
Работилницата за Фрактално сметање се одржа во Скопје, Република Македонија, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во периодот од 10-11 Мај, 2018.
Работилницата беше посветена на Фракталното сметање како модерна област од математичката анализа, применета во многу други области. Учесниците беа од земјите во регионот.
Mathematics: Applied conference, August 21-24, 2016
Меѓународната конференција Математика и примени (MA 2016) се одржа во Охрид, Република Македонија, во Конгресниот центар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во периодот од 21-24 Август, 2016.
Конференцијата беше посветена на применетата математика во техничките и природните . 44 истражувачи од 6 земји ги презентираа своите трудови на оваа конференција.
International Symposium of Geometric Function Theory and Applications – GFTA 2015, August 24-27, 2015
Меѓународниот симпозиум за Геометриска теорија на функциите и нејзини примени се (GFTA 2015) се одржа во Охрид, Република Македонија, во Конгресниот центар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во периодот од 24-27 Август, 2015.
Оваа конференција беше посветена на унивалентни и мултивалентни функции, специјални функции и редови, диференцијални субординации, конформални и квази конформални пресликувања, геометриска теорија на функции од повеќе променливи и други области од математика иприменета математика. 88 истражувачи од 14 земји ги презентираа своите трудови на оваа конференција