За нас

Сојузот на истражувачи на Македонија, СИМ- Скопје, е здружение на граѓани во Република Северна Македонија, чија што цел е подобрување и промовирање истражувањето на сите нивоа, примена на научните истражувања во други дисциплини, како и подобрување на социјалниот статус на истражувачите во целина.

СИМ ги постигнува своите цели преку следните активности:

  • организирање на научни и стручни конференции
  • организирање на научни и стручни предавања, како и професионална обука
  • организирање летни школи
  • издавање на книги и научни списанија
  • промоција на науката и истражувањето во Република Македонија и странство