Сојузот на истражувачи на Македонија, СИМ- Скопје е здружение на граѓани во Република Македонија, чија што цел е да се подобри и да се промовира истражувањето во Македонија на сите нивоа, примена на научните истражувања во други дисциплини, како и подобрување на социјалниот статус на истражувачите во целина.

СИМ ги постигнува своите цели преку следните активности:

  • организирање на научни и стручни конференции,
  • организирање на научни и стручни предавања, како и професионална обука,
  • организирање летни школи за ученици,
  • издавање на книги и научни списанија,
  • промоција на науката и истражувањето во Република Македонија и странство.